Шпанскиот состав Реал Мадрид е прва екипа која обезбеди пласман на завршниот турнир во Евролигата. „Кралевите“ во 1/4 финалната серија го елиминираа грчки Панатинаикос со 3-0 во победи.
До третиот триумф шпанците стигнаа во Олимписката сала во Атина победувајќи го ривалот со 89-82. Кошаркарите на Реал Мадрид не потклекнаа пред фантастичната атмосфера и серијата која ја имаше домашниот состав во вториот квартал. Во третиот период гостите го изедначија резултатот, а во последниот го свртеа резултатот и победија.
Фенербахче му се реваншираше на Жалгирис за поразот во Улкер арената триумфирајќи со 66-57 во Литванија. Избраниците на Жељко Обрадовиќ со маестрална игра во одбрана во вториот, третиот и четвртиот квартал го сведоа на минимум поентерскиот учинок на домашниот состав и стигнаа до вториот триумф во четвртфиналната серија.
Резултати: Жалгирис – Фенербахче 57-66 (1-2), Панатинаикос – Реал Мадрид 82-89 (0-3)
OhridNews