на Предраг Самрџиски, Литвос Ритас ги задржа шансите за пласман во
Топ 16 фазата. Литванскиот тим во возбудлив натпревар го совлада Бамерг
со 67:72.
Инаку Лијетувос Ритас ја пропушти можноста да победи со поголема разлика
и во последното коло неговите кошаркари сами да решаваат за пласман во
следната рунда. Доколку во последното коло литванскиот тим загуби од Бешикташ, а
Партизан го победи Бамберг, тогаш српскиот тим ќе оди понатаму, Бамберг
во Топ 16 ќе се пласира доколку го совлада Партизан, а Лијетувос Ритас,
пласман во Топ 16 ќе избори доколку го победи Бешикташ, а Партизан го
совлада Бамберг.
Македонскиот репрезентативец Самарџиски, на овој меч постигна само два
поени, на кои придодаде четири скока и една украдена топка.
Панатинаикос и покрај сите потреси кои се случуваат во клубот, лесно го
совлада Фенербахче со 69:55. Лестер Бо Мекејлеб, се вклопи во лошата
игра на турскиот тим, натпреварот го заврши со седум поени и поеден скок
и асистенција.
Каха Лаборал, која многумина ја отпишаа, по победата над Ефес се наоѓа
на чекор до пласман во Топ 16. Каха во последното коло е треба да ја
победи Цедевита.
Група А:
Олимпија-Химки 74:72
Панатинаикос-Фенербахче 69:55
Група Б:
Шалон-Монтепаски 108:103
Група Ц:
Ефес-Каха Лаборал 76:91
Армани-Жалгирис 65:67
Група Д:
Лијетувос Ритас-Бамберг 67:62.