Кошаркарите на Макаби Тел Авив и нанесоа нов пораз на Црвена Ѕвезда во Евролигата совладувајќи ја со 84-67 после дополнителни пет минути. Регуларниот дел заврши 67-67.
Натпреварот имаше чуден тек. Домаќините почна фуриозно и после десет минути игра поведоа со 24-13. „Црвено белите“ се консолидираа и вториот квартал го добија со 17-15 за намалување на негативата. Во третиот период Црвена Ѕвезда ја намали разликата за уште еден поен. Во решавачката четвртина Црвена Ѕвезда се разигра и успеа да ја стопи негативата. Дури имаше и напад и обид за победа кој не го реализираше. Мечот во продолжението доби друг тек, домаќините ја надминаа кризата и со нова фуриозна игра стигнаа до убедлив триумф 84-67.
За екипата на Макаби ова е прв триумф во новата сезона, додека Црвена Ѕвезда го претрпе вториот пораз.
Резултати:
ЦСКА Москва – Химки 99-86
Жалгирис – Реал Мадрид 86-73
Фенербахче – Баскониа 87-80
Макаби Тел Авив – Црвена Ѕвезда 84-69
Баерн Минхен – Лион 104-63
Панатинаикос – Милано 78-79
OhridNews