Кошаркарите на Будуќност ја забележаа третата победа во Евролигата, совладувајќи ја шпанска Барселона со 67-64 (14-15, 17-18, 15-13, 21-18) на домашен терен во неизвесен и драматичен натпревар.
Избраниците на Александар Џикиќ одиграа маестрален меч и имаа повеќе нерви и спортска среќа во миговите кога се одлучуваше победникот во салата „Морача“. Црногорскиот состав не се откажа и покрај негатива од пет која ја имаше на средината од четвртиот квартал. Наградата за храбрата игра стигна во финишот кога Будуќност со неколку поени во серија го сврте резултатот и дојде до конечна победа.
По четвртини гледано, Барселона ги доби првите две со еден поен разлика (15-14, 18-17). Кошаркарите на Будуќност ја анулираа предноста на гостите по триесет минути игра добивајќи ја третата четвртина со 15-13. Последната и решавачка четвртина им припадна на домаќините со 21-18 за триумф и нови бодови на табелата.
Со скор (3-8) шампионот во АБА лигата се наоѓа на претпоследната позиција, додека каталонците со 6 победи и 5 порази се седмопласирани на табелата.
Резултати: Жалгирис – Олимпијакос 83-75, Будуќност – Барселона 67-64, Дарушафака – Макаби Тел Авив 71-73, Баерн Минхен – Химки, Армани Милано – Гран Канарија.
OhridNews