Натурулизираниот македонец Лестер Бо Мекклејб и неговата екипа Феннербахче претрпеа висок пораз на гостувањето во шпанската престолнина од Реал Мадрид 77-61.

Македонскиот репрезентативец Мекклејб за 31 минута на паркетот постигна 10 поени, најпрецизен во гостинскиот состав беше Богдановиќ.

Наспроти Мекклејб поранешниот репрезентативец Перо Антиќ забележа значајна победа против Жалгирис 77-63.

Со овој триумф бранителот на трофејот во Евролигата обезбеди пласман во нокаут фазата. Антиќ за 18 минути поминати на теренот уфрли пет поени.

Мх.П.