Натурализираниот Македонец, Лестер Бо Мекклејб со 14 поени, четири скока и три асистенции и Бојан Богдановиќ со 26 кошеви беа најзаслужни за победа на Фенербахче против Партизан во „Пионир“ 88-78.


Четата на Жељко Обрадовиќ се разбуди во третата четвртина која добија со + 11 и ја анулираа предноста стекната на „црно белите“ во првиот дел.

Во последниот квартал расположените за игра Мекклејб и Богдановиќ ја запечатија победата која е четврата во исто толку натпревари.

Најинтересните моменти од мечот можете да ги погледнете тука.

 

Мх.П.