Натурулизираниот Македонец, Лестер Бо Мекклејб со 19 поени беше најзаслужен за победата на Фенербахче над Мапоро Канту 77-69 со која турската екипа се пласираше во нок аут фазата.
Мекклејб на теренот помина 29 минути постигнувајќи 19 поени додвајќи уште три асиситенци и две украдени топки. Голема помош македонскиот интернационалец имаше од Саваш кој постигна 12 поени, а солиден натпревар одиграа Богдановиќ и Прелдџиќ кои искомбинираа 20 поени.
Со оваа победа турскиот преставник стигна до петтата во деветтиот натпревар и обезбеди пласман во 1/8 финалето од Евролигата.
Вториот македонски кошаркар кој бркаше пласман во наредната фаза беше Предраг Самарџиски со екипата на Литвос Ритас. Литванците претрпеа минимален пораз на гостиснки терен од Бешиткаш 66-65 и извиси во трката со Партизан и Бамберг за местото кое водеше во следната фаза.
Резултати :
Група А : Фенербахче-Канту 77-69, Химки-Панатинаикос 78-77, Реал Мадрид-Унион Олимпија 91-60
Група Б : Макаби-Алба 78-62, Уникаха-Шалон 86-62, Монтепаски-Проком 88-95
Група Д : Барселона-ЦСКА Москва 75-78, Бешикташ-Литвос Ритас 66-65, Бамберг-Партизан 92-90
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com