Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекклејб со 10 поени, осум скокови, четири асистенции и две украдени топки беше еден најзаслужните за победата на Фенербахче над Барселона 75-70.
Натурализираниот Македонец помина 30 минути на паркетот и полека добива комплетна доверба од „докторот“ по кошаркар, Жељко Обрадовиќ.
По два одиграни натпревар Фенербахче се наоѓа на првата позиција во групата заедно со ЦСКА од Москва, а токму овие две екипи ќе се сретнат во третата рунда.
Мх.П.