Кошаркарите на Фенербахче лесно се справија со ЦСКА Москва и забележаа убедлива победа од 86-60, во дербито од третото коло, во А групата, во Евролигата.
Турскиот тим доминиташе во текот на целиот меч, во 17.минута стигна до предност од 20 поени и до крајот без никакви проблеми ја одржа разликата.
ЦСКА, неколку пати во третиот период стигна до негатива од 10 поени, но со само двајца расположени играчи во тимот (Хајнс и Мицов) не можеше да му се спротистави на Фенербахче.
Целосно, на овој меч потфрли надоврешната линија на ЦСКА: Теодосиќ не постигна нту еден поен, Парго уфрли 2, а Вимс 3 поени.
Инаку, точка на натпреварот стави макеоднскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб, кој постигна тројка со звукот на сирената.
Лестер Бо Мекејлеб, натпреварот го заврши со 14 поени, 5 асистенции, 4 украдени топки и беше еден од четворцата играчи на Фенербахче кои постигнаа двоцифрен број на поени. Богдановиќ со 23 поени беше најефикасен на теренот, Прелџиќ постигна 13, а Клеиза 12 поени.
Мицов со 20 поени ја предводеше екипата на ЦСКА, а Хајнс имаше учинок од 17 поени и 8 скока.
Во А групата се случи една од најголемите сензации во Евролигата во последните неколку сезони. Барселона, на домашен терен загуби од францускиот шампион Нантер со 67-71.
Францускиот тим до победата стигна со одличната одбрана која ја одигра во последната четвртина, во која прими само 7 поени, а во нападот неговите играчи постигнаа 20 кошеви.
Будивељник, во Киев, го совлада Партизан со 74-69 и ја забележа историската прва победа во Евролигата.
Првата победа во Б групата, во новата сезона во елитата ја забележа Жалгирис, литваскиот тим го совлада убедливо Стразбур со 88-64.
Две средби се одиграа во Ц групата, актуелниот европски шампион Олимпијакос го победи Баерн Минхен со 88-83, а Уникаха го совлада Галатасарај со 84-57.
„Макфакс„