Супермоделот Ел Макферсон и на 50 години го залужува својот препознатлив прекар „The Body“. На снимањето на Harper’s Bazaar на Бахамите, позирала во бикини и го открила совршеното тело, по што може да се заклучи дека е барем двојно помлада. Иако кон крајот на месецов ќе наполни 51 година, се чини дека на убавата Ел тоа воопшто не и смета.
На фотографиите изгледа исклучително самоуверено и многу среќно. Носејќи само бикини, огрлица и очила за сонце, нејзината убавина и совршено извајано тели максимално доаѓаат до израз. Ел е вистински доказ дека жените се прекрасни без оглед на нивната возраст.