Благодарение на својот стас, австралискиот супермодел Ел Макферсон, познато под прекарот Тело, имала успешна кариера долга 33 години. Меѓутоа, убавицата која ги красела насловните на „Космополитен“, „Ел“, „Џи Кју“ и „Вог“ пред да наполни 21 година, за британското списание „Океј“ изјавила дека не е опседната со својата тежина.
Рекла дека нема поим колку килограми има. Поважно и е тоа како се чувствува во својата кожа отколку тоа колку ќе покаже вагата. Кога била помлада била повеќе загрижена за тежината бидејќи не знаела за нешто подобро. Инаку, таа е мајка на два сина, живее во Мајами со вториот сопруг Џефри Софер и често скија на вода, сурфа и планинари.