Поранешниот топ модел Ел Макферсон, која наскоро ќе наполни 51 година, има огромна желба да има деца со својот сопруг, милијардерот Џефри Софер, а сега сонот ќе и се исполни. Поранешната манекенка веќе има две деца од првиот брак, но откако со месеци безусоешно се обидувала да забремени со сегашниот сопруг, парот пронашол сурогат мајка која ќе им го роди првото заедничко дете.
Извор близок до парот открил дека после неколку месеци сватиле дека нема да успеат да имаат деца по природен пат, но не размислувале за посвојување, туку веднаш се одлучиле за сурогат мајка. Ел замрзнала свои јајце клетки пред неколку години бидејќи помислила како еден ден би можеле добро да и дојдат. После долга потрага таа и сопругот пронашле совршена сурогат мајка за своето дете, но не сакаат да го откријат нејзиниот идентитет.