Вечерва, со почеток во 20:45 часот, на домашен терен во Битола, Еурофарм Пелистер, во рамките од 1/8 финалето во европската ракометна лига силите ќе ги одмери со германскиот бундеслигаш Магдебург. Пресметката со Магдебург ќе биде вистински тест и предизвик за „пелистери“, кои имаат големи амбиции и очекувања за тековната сезоната.
Среќни сме што во Битола ни доаѓа моќна германска екипа која во моментов е второпласирана во домашното првенство. Ги познаваме нивниот квалитет и слабости, и затоа со оптимизам ја дочекуваме вечерашната прва средба, истакна тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ.
Во тимот на Магдебург настапуваат искусни скандинавски интернационалци од Данска, Шведска, Норвешка, како и репрезентативците од Балканот, односно Жељко Муса од Хрватска и Марко Безјак од Словенија, но поради КОВИД-мерки, натпреварот што почнува во 20.45 часот ќе се игра без публика.
Натпреварот ќе биде емитуван во живо на МТВ 1.
OhridNews