Ракометарите на Магдебург затропаа на вратата од четвртфиналето во европската ракометна лига, победувајќи го Еурофарм Пелистер со 32-24 (15-9) во Битола,  во првиот натпревар од осминафиналето.

Гостите од Германија фуриозно го отворија натпреварот и поведоа со 0-4. „Пелистерци“ со мини серија од 3-1 ја преполовија негативата и дојдоа до минус 3-5. Сепак, германците со 6-0 се одлепија на 3-11 и го решија прашањето околу победникот.

Битолските „зелено бели“ и стратегот Жељако Бабиќ направија се да се вратат во игра, но квалитетот беше далеку на страната од бундеслигашот. На крајот на семафорот стоеше 24-32, во корист на гостите.

Реваншот за недела дена во Германија ќе биде чиста формалност, бидејќи Магдебург уште пред почетокот на двомечот беше огромен фаворит.

OhridNews