Лутите ривали Барселона и Реал Мадрид ја сочинуваат една од двете полуфинални двојки во Купот на Шпанија, додека во втората силите ќе ги одмерат Бетис и Валенсија.
Ждрепката беше по мерак на фудбалските гурмани, но сигурно не и за Барселона и Реал Мадрид кои сред сезона ќе ги судрат копјата во националниот Куп.
Првиот меч ќе се одигра на Ноу Камп на 6 февруари, додека реваншот на Сантијаго Бернабеу е закажан за 27 февруари.
OhridNews