Барселона и Реал Мадрид ќе се судрат во финалето од шпанскиот Копа Дел реј. Барселона до финалето стигна по триумфот од 3-0 над Алмерија, севкупни 8-0.

Реал го елиминираше бранителот на трофејот Севиља, откако и во реваншот беше подобар победувајќи со 2-0, свекупни 3-0. Озил и новото засилување Адебајор беа стрелци на головите.


Голот на Адебајор беше 5000 погодок на Реал, на “Сантијаго Бернебе“.