Фудбалерите на Реал Мадрид се искачија на врвот од табелата во шпанската Ла лига после триумфот 2-0 (0-0) против Барселона во мега дербито „Ел Класико“. „Кралевите“ головите за победија ги постигнаа во вториот дел. Стрелци беа Винисиус и Маријано Дијас.
Првиот дел го одбележаа голманите Тибо Куртоа (Реал Мадрид) и Тер Штеген (Барселона). Двајцата чувари на мрежата со бравурозни одбрани не дозволија погодоци и радост на навивачите.
Погодоците кои недостасуваа во првото полувреме „паднаа“ во вториот дел. Два пати се тресеше мрежата на Барселона. Винисиус во 71-та минута со мала доза на среќа го совлада германскиот голман за почетно водство. Во самиот финиш од натпреварот Маријано Дијас со првиот контакт со топката го матираше Тер Штеген и ја запечати победата.
Реал Мадрид на водечката позиција има бод повеќе од Барселона, а допрва ќе кулминира борбата за титулата.
OhridNews