Финалето од Копа дел Реј помеѓу Барселона – Реал Мадрид ќе се одигра на стадионот на Валенсија, “Местаља“.

Како што пренесува шпанскиот весник “Марка“, претседателите на двата клуба Сандро Росел и Флорентино Перез се договориле да играат на тој стадион кој е трет по големина во Шпанија. 


Последен пат “кралевите“ и “блауграната“ се сретнале во 1990 година, финалето се одиграло токму на “Местаља“, а трофејот завршил во витрините на Барселона откако го совлада Реал Мадрид со 2-0.

ohridnews