Без голови и без победник заврши дерби пресметката помеѓу Барселона и Реал Мадрид на Ноу Камп во рамките од шпанската Примера дивизион. Ремито без голови е прво после после 2002 година кога ривалите ремизирале без голови во Барселона.
Дербито познато како „Ел Класико“, иако не понуди голови, понуди атомски фудбал и борба на секоја педа од теренот. Двете екипи имаа свои прилики, но стрелците и големите имиња во двата состави затаија и мрежите мируваа на Ноу Камп.
Ситуацијата на табелата останува иста, Барселона и Реал Мадрид со идентичен број на бодови се рамо до рамо на врвот и допрва ќе се борат за чекор напред кон титулата во Ла Лига.
OhridNews