Комплетирано е второто коло во кошаркарската Евролига. Во дербито во Атина, Панатинаикос ја победи ЦСКА Москва, Макаби и Реал запишаа сигурни победи, додека како гости на теренот на своите противници се радуваа Фенербахче и Олимпија.
Унион Олимпија во рамките на Д групата, забележа изненадувачка победа во Милано, против Армани џинс од 72:76. Некогашниот македонски репрезентативец, Владо Илиевски за победникот постигна 12 поени (3/3 за три поени), на кои придодаде 4 асистенции, 2 скока и 2 украдени топки. Најефикасни во редовите на Олимпија со по 19 поени беа Јагодник и Ожболт.
Во оваа група се одигра и дербито Панатинаикос-ЦСКА Москва. Благодарение на добрата игра во третата четвртина домаќинот забележа победа од 74:60. Дру Николас со 18 и Ромеин Сато со 17 коша беа најефикасни во редовите на Панатинаикос.
Реал Мадрид во А групата го доби шпанскиот дуел против Уникаха. Во победата од 68:56 Фелипе Рејес имаше учинок од 17 поени и 8 скока.
Во Б групата, во Тел Авив, Макаби славеше победа од 86:70 над Жалгирис. „Гордоста на Израел“ ја предводеше Скорцанитис со 24 поени и 5 скока.
Во Загреб во рамките на Ц групата, Фенербахче ја совлада Цибона со 73:68, најпрецизен во победничкиот тим беше Кинси со 17 поени.
ФК Воска Спорт објави дека се повлекува од македонската Прва лига, откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги санкционираше за недозволено напуштање на теренот на натпреварот против Варда...
ГРК Охрид во рамки на Купот на Македонија во групата 4 утре се среќава со РК Прилеп Во недела играме со Прилеп, екипа која не е ни малку за потценување, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Никола Рис...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 26-то коло од Втората македонска фудбалска лига денес играат со екипата на Скопје Натпреварот се игра на градскиот стадион Железарница со почеток во 16 часот На таб...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.