Кошаркарите на Црвена Ѕвезда имаа фантастична премиера пред публиката во Белград во Евролигата совладувајќи го дрим тимот на Фенербахче со 68-56 (15-16, 20-14, 16-13, 17-13).

Триумфот на „црвено белите“ против составот предводен од „докторот“ Жељко Обрадовиќ е прв во новата сезона, откако во првата рунда изгубија од Панатинаикос.

Првиот квартал помина во егал а турските кошаркари во финишот постигнаа кош повеќе и обезбедија минимална предност. Домаќините првиот чекор кон победата го направија во вториот период кој го добија со 20-14 за водство од пет поени на полувремето.

„Црвени белите“ во третата четвртина не само што ја задржаа предноста туку стекнаа плус осум за решавачките десет минути. Таму не се променија многу работи и домаќините носени од публиката оддолеа на сите напади и победија со двоцифрена разлика на семафорот (68-56).

Во преостанатите мечеви ЦСКА Москва го совлада Баерн Минхе со 79-68, а вечерва на програмата се Лион – Панатинаикос односно Реал Мадрид – Макаби Тел Авив.

OhridNews