Завршниот турнир во кошаркарската Евролига ќе се одржи без гледачи, објавено е на официјалната веб-страница на лигата.

Одлуката која е донесена е непопуларна, иако лигата помина една година од откажувањето на последното финале, предвреме развивајќи голем број опции и сценарија со намера да им дозволи на навивачите да учествуваат на „Фајнл фор“, се вели во соопштението.

Сепак, бидејќи здравјето и безбедноста на навивачите и учесниците останува главна грижа за сите, учеството на Ф4 сега ќе биде ограничено на тимовите, лицата ангажирани од организаторот и избрани претставници на медиумите. Сите ќе бидат предмет на строги хигиенски протоколи и упатства, – додаваат од Евролигата.

Во четвртфиналето моменталните резултати во серијата прв до три победи се:

Барселона – Зенит 1:1
Милано – Баерн 2:0
ЦСКА – Фенербахче 2:0
Анадолу Ефес – Реал Мадрид 2:1.

Завршниот турнир со четирите најуспешни екипи ќе се одржи од 28 до 30 мај во Келн.

OhridNews