Капитенот на “црвено жолтата“ чета одигра меч под своите можности. За 12 минути поминати на паркетот Антиќ не постигна ниеден поен со 0/3 шут за три поени, а успеа да прифати две топки и еднаш да асистира.
Најпрецизен во екипата на Олимпијакос беше Лов Ајс со 15 поени, Папаниколау постигна 14 кошеви, 11 реализираше Хинес, а Слоукас десет.
Во победничкиот состав 15 поени уфрли Џордан Фармар, по 12 реализираа Савановиќ и Ерден, а десет пати прецизен беше Лукас.
Последниот натревар ќе се игра во Атина и ќе биде да се биде или не за освојувачот на Евролигата, Олимпијакос.