Екипите на Анадолу Ефес и ЦСКА Москва ќе се сретнат во финалето од завршниот турнир во Евролигата, кој годинава се игра во шпанскиот град Виторија.

Кошаркарите на Анадолу Ефес во првиот полуфинален натпревар го посрамотија најголемиот фаворит  за трофејот, Фенербахче победувајќи го со 92-73. На Ефес во финалниот натпревар им се приклучи ЦСКА Москва која со фантастичен пресврт во последниот квартал го совлада Реал Мадрид со 95-92. „Армејците“ во текот на третата четвртина имаа 14 поени негатива 79-65, но до крајот не мечот успеаја да го свртат резултатот во своја полза и да победат сo 95-90.

Финалниот натпревар се игра в недела во 20 часот и 30 минути, а претходно во 17 часот и 30 минути ќе се одигра натпреварот за третата позиција.

OhridNews