Кошаркарите на Црвена Ѕвезда ставија точка на серијата од три пораз во Евролигата победувајќи го составот на Жалгирис со 61-59 (16-21, 17-10, 14-15, 14-13) среде Литванија.

„Црвено белите“ до третиот триумф сезонава стигнаа на драматичен начин во самиот финиш од натпреварот во „Жалгирис Арената“.

Во последните мигови од мечот Црвена Ѕвезда имаше плус еден (60-59) и две слободни фрлање. Американецот Били Берон реализираше едно а на спротивната страна домаќините не погодија во обидот за три поени и резултатот остана 61-59 во корист на српскиот шампион.

Првата четвртина и припадна на домашната екипа додека Црвена Ѕвезда одигра маестрална втора. Третата и четвртата не понудија кој знае каква кошарка но во такви околности подобро се снајде гостинскиот колектив и зграпчи значајни бодови.

Црвена Ѕвезда и Жалгирис имаат идентичен скор 3-7 и се наоѓаат во долниот дел од табелата.

OhridNews