Кошаркарите на ЦСКА Москва го добија дербито на колото во Евролигата откако славеа тесен триумф 78-77 против составот на Фенербахче.
„Армејците“ до победата на гостински терен стигнаа после дополнителни пет минути, откако регуларниот дел заврши без победник 69-69. Руските кошаркари за поен (9-8) беа подобри во продолжението и ја осигураа втората победа во евролигашката конкуренција.
Во вечерашните мечеви победи забележаа Баерн Минхен кој славеше над Макаби Тел Авив со 85-82 и Олимпијакос кој лесно се справи со „миланезите“ за конечни 86-75.
Резултати:
Макаби Тел Авив – Баерн Минхен 82-85
Олимпијакос – Милано 86-75
Фенербахче – ЦСКА Москва 77-78
Реал Мадрид – Химки
OhridNews