Македонскиот интернационалец во дресот на Олимпијакос, Перо Антиќ постигна скромни три поени во драматичната победа на “црвено белите“ над Макаби со 78-77 во петтата рунда од втората фаза во Евролигата.

Екипата на натурилизираниот Македонец, Лестер Бо Мекклејб, Фенербахче во петтото коло успеа да ја забележи првата победа во вторите групи победувајќи го Химки со 85-82.

За 33 минути поминати на паркетот Мекклејб постигна 16 кошеви, додаде пет скокови, четири асистенции и две украдени топки.

Резултати :

Група Е: Алба-Бамберг 82-63.

Група Ф: Фенербахче-Химки 85-82, Каха Лаборал-Барселона 79-90, Макаби-Олимпијакос 77-78.

Петок, 25. јануари:

Група Е: 17:00 ЦСКА Москва-Уникаха, 19:00 Анадолу Ефес-Жалгирис, 20:00 Панатинаикос-Реал Мадрид

Група Ф: 20:45 Минтепаски-Бешикташ

Мх.П.