Почетокот на натпреварот не наговестуваше ваков расплет за актуелниот и новиот европски владетел. Реал Мадрид погодуваше од секаде, а тоа резултираше со позитива од 17 поени разлика.
На стартот од втората четвртина во игра влезе македонскиот кошаркар, Антиќ, кој со пет поени во низа и неколку добри игри во одбрана ја спушти разликата по десет поени.
Од четвртина во четвртина разликата на “кралскиот клуб“ се топеше. Во вториот дел на паркетот се разбуди и најкорисниот играч Спанулис, кој максимално ги разигра кошаркарите.
Во последниот квартал “црвено белите“ стигнаа до опиплива предност, која во секој напад ја зголемуваа и на крајот заслужено се најдоа на пиедесталот втора година по ред.
За 24 минути на паркетот Антиќ постигна десет поени, имаше шест скокови, две асистенции и една блокада.
Претходно во малото финале ЦСКА Москва ја совлада Барселона со 74-73 и го освои бронзениот медал.