Антиќ немаше блескава партија во победата на Олимпијакос. Тој за 12 минути минати на паркетот не успеа да постигне ниеден поен, а имаше еден скок што е премалку за кошаркар од калибарот на Антиќ.
До триумф Олимпијакос го предводеше Принтезис со симултанка на мечот постигнувајќи 26 поени. Во гостинскиот состав со 17 кошеви најпрецизен беше Гонлум.
Резултати : ЦСКА – Москва 89-78 (1-0), Олимпијакос – Ефес 65-60 (1-0), Реал Мадрид – Макаби (), Барселона – Панатинаикос 72-70 (1-0).