Од почетокот на мечот “црвената армија“ тргна решително, по првите десет минути имаа предност од 14 разлика. На крајот од полувремето ЦСКА замина со предност од 28 кошеви. Вториот дел, Кириленко (11 поени), Теодосиќ (14) и Ворентчевиќ (15) го одработија рутинирано стигнувајќи до четвртиот триумф во групата.
Капитенот на македонската селекција Перо Антиќ за нешто повеќе од 22 минути на теренот постигна седум поени, додавајќи еден скок и една блокада. Во ревашавачкиот шести натпревар Олимпијакос го пречекува Галатасарај.