одиграат во четврток и во петок. Четвртото коло ја носи пресметката на
македонските интернационалци, Перо Антиќ (Олимпијакос) и Владо Илиевски
(Цедевита).
Актуелниот европски првак Олимпијакос по првите три кола има една победа
и два порази, тимот за кој настапува Антиќ, против хрватскиот
преставник ќе се обиде да се рехабилитира за домашниот пораз во минатото
коло од Жалгирис.
Цедевита, на жешкиот терен во Пиреа, ќе ја бара првата победа во
сезоната во елитната лига. Цедевита за која настапува Илиевски е еден од
четирите тима кои немаат победа во првите три кола (Партизан,
Монтепаски и Бамберг).Лијетувос Ритас, во минатото коло предводен од Предраг Самрџиски, против
Партизан, стигна до првата евролигашка победа, во ова коло литванскиот
тим ќе му гостува на Бамберг.
Лестер Бо Мекејлеб, чии Фенербахче има скор 2/1, на домашен терен, во дербито на колото ќе го пречека Панатинаикос.
Група А:
19:00 Фенербахче-Панатинаикос, 20:45 Реал Мадрид-Канту
Група Б:
20:05 Макаби-Проком, 20:45 Уникаха-Алба
Група Ц:
18:45 Жалгирис-Армани, 20:45 Каха Лаборал-Ефес
Група Д:
20:45 Барселона-Партизан,
Петок, 2. ноември:
Група А:
16:30 Химки-Олимпија
Група Б:
20:45 Монтепаски-Шалон
Група Ц:
20:00 Олимпијакос-Цедевита
Група Д:
19:00 Бешикташ-ЦСКА, 20:20 Бамберг-Лијетувос Ритас.