Виторио Згарби, градоначалник на сицилијанскиот град Салеми, ги нуди куќите по цена од само 1 евро. На тој начин сака да го ревитализира стариот дел на градот. Единствен проблем на потенцијалните купувачи можеби ќе им биде тоа што сите куќи ќе мораат да бидат реновирани. Голем дел од старите згради ги уништил земјотрес во 1968 година. Но тоа не им пречи на богатите купувачи.


„Очекуваме во овој проект да се вклучат богати луѓе со смисол за бизнис. За цена од само едно евро купувачите ќе се обврзат дека во рок од 2 години во потполност ќе ги реновираат куќите почитувајќи ги оригиналните карактеристики. Задоволни сме од интересот за овој проект и веруваме дека набрзо ќе го оживееме нашиот град“ – вели Згарби.