Познато е дека глумците понекогаш одат во крајности за да се подготват за некоја улога… А, многумина се впуштаат во опасни диети за слабеење што потоа и самите не ги препорачуваат.
Тие преобразби честопати се нездрави и крајно опасни. Следат неколку примери…
Мила Кунис глумеше балерина во филмот „Црниот лебед“ (Black Swan) од 2010 година, а за да се вклопи во улогата, одлучила и да слабее, па ѝ се вратила и на штетната навика за пушење цигари. Меѓутоа, вели, изгубила нездрава количина килограми и сега никому не би препорачала да го направи тоа.
Јас воопшто не го поттикнувам ова… Бев пушач, пушев многу цигари и трошев огромна количина калории, изјави Кунис.
Ен Хатавеј ослабела 11 килограми за улогата на проститутката во филмот „Клетници“. Според „Вог“, таа тогаш јадела само две порции овесна каша дневно, за, како што вели, нејзиниот лик „да изгледа што поблиску до смртта“…
Кристијан Бејл е можеби еден од најекстремните актери кога станува збор за преобразба на своето тело за улога. Тој слабее, но и се здебелува… Но, трансформацијата што остави најголем впечаток кај публиката беше губењето на 55 килограми за „Машинист“ – филм за човек кој се бори со несоница.
Бејл во денот пиел црно кафе и јадел една конзерва туна и едно јаболко. Потоа одлучно решил дека тоа мора да престане.
Метју Меконахи јадел само риба, зеленчук, белки од јајца и пудинг од бразилскиот зеленчук тапиока, при снимањето на „Клубот на купувачите од Далас“ (Dallas Buyers Club). Taкa тој изгубил 24 килограми за оскаровската улога на човек со ХИВ/СИДА од 1980-тите. Стигнал од 85 на 61 килограм за само пет месеци.
OhridNews