Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за масакрот во туниското летувалиште Сус, каде, според најновите податоци, загинале 38 лица, од кои пет британски туристи.
Повикувајќи се на профилот на ИС на Twitter, медиумите пренесуваат дека вчерашниот напад на плажата на популарното летувалиште го извел „воениот калифат“, кој групата го прогласи пред неполна година на територијата на Ирак и Сирија.
Исламистите наведуваат дека вооружениот напаѓач Абу Јахја ал-Каиравани ги нападнал непријателите на џихадистичката група и „дувлото на блудот, пороците и верското одметништво“, пренесе АФП.
Повеќето од убиените припаѓаат на „државите членки на крстоносната алијанса“ кои се борат против прогласениот калифат, наведе ИС на Twitter, сугерирајќи на државите кои ги бомбардираат нејзините позиции на Блискиот исток.
Во Тунис е сооштено дека нападот го извшрил студент, од претходно познат на властите, кој оружјето го сокрил во чадорите за сонце.
Премиерот на Тунис, Хабис Есид наведе дека најмногу загинати има од Велика Британија, а меѓу жртвите има и Германци, Белгијанци и Французи.
Reuters јави дека туниските власти во следната недела ќе затворат 80 џамии, кои не се под контрола на Министерството за верски прашања.
Премиерот во саботата прогласи нови антитерористички мерки, вклучително и распоредување на воени резервисти на „чувствителни места кои можат да бидат мета на терористички напад“.
OhridNews
Извор:„Макфакс“