Посетителите на забавниот парк Алтон Тауерс во Велика Британија можеле да присуствуваат на несекојдневен настан. Група од 16 свештеници одлучиле да ја промовираат својата идеја за „Екстремен Велигден“.


Свештениците се досетиле овој празник да го приближат до луѓето кои престанале да ги посетуваат мисите. Така дошле на идеја да ја организираат прославата во луна парк, а и самите се испробале во сите можни анимации. Така овие необични посетители во исто време се молеле и се возеле на ролеркостерите, а некои до нив ја читале Библијата во мал базен и одлично  се забавувале.