Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден ја реализираше ектрадицијата на Бojaн.П.(31) од Охрид осомничен за двојно убиство сторено на 21.08.2014 година.
-Истиот беше преземен од албанските власти на граничниот премин “Ќафасан” од каде што беше спроведен во Истражниот затвор Скопје. Инаку по лицето Бојан П. имаше распишано меѓународна потерница и истиот беше лишен од слобода на 12.02.2015 година во Албанија каде се до неговото спроведување во Р. Македонија бил во екстрадиционен притвор.соопшти МВР.
Осомничениот се бараше бидејќи на 21.08.2014 година околу 23,00 часот во летната тераса од угостителскиот објект „Император“ лоциран на улицата „15 корпус“ во Охрид, со неколку проектили од огнено оружје-пиштол кое нелегално го поседувал смртно ги застрела Васил Р.(56) и Ромео Ѓ.(38) двајцата од Охрид.
СВР Охрид истиот ден го лиши од слобода Р.С.(30) од Охрид кој заедно со Бојан.П. биле во угостителскиот објект и против двете лица беше поднесена кривична пријава остоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Според полицискиот извештај, на летната тераса на угостителскиот објект „Император“, се случила кратка и жестока вербална расправија и турканица помеѓу Бојан.П. и Ромео Ѓ. во која Б.П. му нанел неколку удари со рака во пределот на лицето. Во еден момент, Бојан П. извадил пиштол кој нелегално го поседувал и испукал еден куршум кон Ромео Ѓ. погодувајќи го во пределот на рамото. Тешко повредениот се обидел да избега кон рецепцијата на хотелот „Император“, но притоа бил погоден со уште два куршуми. Во близина на хотелската рецепција, Бојан П. бил пресретнат од Васил Р. кон кого испукал еден куршум погодувајќи го во пределот на градниот кош. Веднаш потоа, Бојан П. истрчал кон летната тераса каде го чекал неговиот пријател Р.С. и со патничко моторно возило избегале од местото на настанот. На пресекот на улиците „7 ноември“ и „Васил Главинов“ Бојан П. излегол од возилото и избегал.
OhridNews