Македонските ракометари немаа многу среќа на ждрепката за Светското првенство кое во втората полувина на јануари 2017 година ќе се одржи во Франција.
Македонија во првата фаза од која најдобрите четири тима ќе одат во осминафиналето, ќе игра во Б групата, а противници ќе ѝ бидат поранешниот светски првак Шпанија, Словенија, чиј селектор е Веселин Вујовиќ, Исланд, Тунис кој на ракометарите им го одзеде сонот за настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и Ангола која во оваа конкуренција треба да биде аутсајдер.
Светското првенство во Франција ќе се одржува од 11. до 29. јануари 2017 година во осум градови: Нант, Мец, Руан, Албертвил, Вилнев д’Аск, Монпелје, Брест и Париз.
Групите:
Група А: Норвешка, Јапонија, Бразил, Русија, Полска, Франција
Група Б: Ангола, Тунис, Исланд, Македонија, Словенија, Шпанија
Група Ц: Саудиска Арабија, Чиле, Унгарија, Белорусија, Хрватска, Германија
Група Д: Аргентина, Бахреин, Египет, Шведска, Данска, Катар.
OhridNews