Оценките од екстерното тестирање на средношколците нема директно да влијаат на успехот на учениците, меѓутоа ќе имаат влијание при уписот во повисоко образование. Ова денеска во Скопје го изјави министерот за образование, Никола Тодоров, на регионалната конференција за екстерно тестирање, повторувајќи дека ваквото оценување не е насочено кон учениците, туку кон професорите.


„Екстерното оценување не е насочено кон учениците, туку треба да го поттикне квалитетот на оценувањето, што се прави од страна на професорите“, рече Тодоров. Тој додаде дека наставниците кои ќе направат отстапување од оценување ќе им биде обезбедена стручна помош во наредната година и доколку повторно направат отстапки ќе им се намали од плата.

Екстерно оценување во македонските училиште ќе започне од наредната учебна година.
На конференцијата учествуваа и експерти од УСАИД и на Светска банка кои го поддржуваат екстерното оценување во училиштата.

OhridNews
Извор:”Макфакс”