Во тек се завршните подготовки за модернизација на аеродромите  „Свети Апостол Павле“ во Охрид и „Александар Велики“ во Скопје, како и за изградба на карго-аеродромот во Штип. Владата ја започна и постапката за избор на консултант кој ќе врши  постојан надзор над реализацијата на Договорот за концесија за градба, реконструкција и користење на аеродромите со што ќе се обезбеди постојана и стручна контрола над имплементацијата на договорот. Во завршна фаза е и експропријацијата на земјиштето  на аеродромите.

Осовременувањето и е доверено на турската компанија ТАВ,а по нејзино барање, Владата го пролонгира Договорот за концесија за развој, финансирање користење и одржување на аеродмомите.

Согласно новиот рок, ТАВ ќе почне со  оперирање и инвестирање во аеродромскиот систем на 31 август годинава.По стапувањето на договорот на сила, градежните работи на охридскиот аеродром треба да завршат за 12 месеци.

Ohridnews