Бројот на хоспитализирани лица достигнал 50, а 1.145 лица се повредени од искршени прозорци.
Моќноста на експлозијата при навлегувањето на метеорот во атмосферата над руската Чељабинската Област, според проценките на НАСА бил од 300 до 500 килотони, што е околу 20 пати повеќе од моќноста на атомската бомба фрлена над Хирошима.
Метеорот со дијаметар од 15 метри и маса од околу 7.000 тони навлегол во атмосферата на Земјата со брзина од 64 илјади километри на час, а експлодирал на височина од 19 до 24 километри.
Материјалната штета предизвикана од метеорот во руската Челјабинска Област е околу 24,85 милиони евра. Најтешко оштетен е спортскиот зимски дворец. Од парчињата метеор оштетени се 93 болници и поликлиники, како и 21 социјални институции, меѓу кои старски и детски домови. Прозорците на десетици згради се искршени.
Дежурниот телефон за итни случаи примил над 4.000 повици. 4.153 лица се јавиле на бројот за итни случаи да побараат помош.
МИА