Три лица се здобиле со тешки и полесни повреди во експлозија на бомба поставена под автомобил во центарот на Ниш, околу 2.40 часот утрово. Повредени се случајни минувачи, од кои едно лице има тешки повреди на потколеницата и стапалата, а останатите имаат полесни повреди.
Според неофицијалните информации, бомбата била поставена под возило марка „Голф“. Од експлозијата оштетени се и други возила кои биле паркирани во близина и стакла од околните локали.
OhridNews