Во строгиот центар на Куманово во тунелот кој ги поврзува градскиот плоштад со паркинг простор со кој стопанисува приватна компанија, утрово во 04.29 часот се случила експлозија, потврди кумановската полиција.
Увидот на СВР Куманово и крим техника се уште трае.
На местото на експлозијата се забележуваат скршени стакла од петокатницата која е во непосредна близина на настанот.
 
OhridNews
Извор: „МИА“