Жителите на Санкт Петерсбург, денес ги вознемири силна експлозија во метрото. Првичните информации говорат за десеттина мртви и околу 50 повредени лица. На фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи може да се види чад и оштетен вагон.
Според непотврдени информации, експлозии се случиле паралелно во два вагони. Се претпоставува дека се работи за бомби. Рускиот претседател Владимир Путин предмалку изјави дека сѐ уште е нејасно што го предизвикало инцидентот.
OhridNews