Неколкумина патници се повредени при експлозија во воз во лондонското метро. Тие се здобиле со изгореници на лицето, јавуваат светските медиуми. Според полицијата, експлозијата се случила на станицата „Парсонс грин” во западниот дел на Лондон. Полијата и итната медицинска помош се веќе на местото на настанот. Во прекин е сообраќајот во подземната железница меѓу станиците „Ерлс корт” и „Вимблдон”.
Има фотографија од местото на експлозијата на којашто се гледа запалена кеса во канта. Како што наведува Би-би-си, не може да се види местото каде што се случила експлозијата. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои може да се видат луѓе како панично бегаат од местото на несреќата.
Претставникот на лондонската полиција Нил Басу потврди дека експлозијата во метрото утрово е тероризам.
OhridNews
Макфакс