Во лондонското метро дошло до помала експлозија поради што била евакуирана една метро-станица, пренесува „Раша тудеј“. Нема информации за повредени. Од полицијата соопштија дека не е познато дали експлозијата има врска со тероризам, а инцидентот се случил на станицата Тауер хил. Очевидец изјавил дека уплашени патници во стампедо ја напуштиле станицата.

Станицата Тауер хил е затворена откако експлодирала помала експлозија поставена во торба. Патниците во паника побегнале, има повредени во стампедото, рекол очевидецот на инцидентот.

Според некои информации, експлодирал полнач за батерии. Во тек е истрага за причините за експлозијата.

OhridNews
Макфакс