Пет луѓе се ранети во експлозија на импровизирана експлозивна направа на надвозник во близина на станица на метрото во Истанбул, соопшти Атила Ајдинер, локалнен градоначалник за Haber television, пренесува „Макфакс“.
Првично медиумите пренесоа вест дека во експлозијата загинало најмалку едно лице, а на почетокот се претпоставуваше дека инцидентот бил предизвикан од неисправен трансформатор.
Железничкиот сообраќај во овој дел на Истанбул е во прекин.
Агенцијата Доган информира дека повеќе возила на Итната помош се упатиле кон местото на настанот, што се наоѓа на европската страна на градот.
Фотографиите што се појавија на социјалните мрежи покажуваат групи луѓе кои одат пеш по пругата откако возот беше запрен.
Ико метрото во Истанбул во поголем дел е подземно, на некои места излегува и над земја, вклучително и кај областа Бајрампаса.
OhridNews