Рачно направена експлозивна направа била детонирана вчера вечер во центарот на Атина. Притоа, како што јавуваат грчките медиуми, никој не бил повреден. Половина час пред експлозијата, анонимно лице се јавило во редакцијата на весникот „Ефемерида тон Синтактон“ за да предупреди на поставената бомба.

Подрачјето веднаш било затворено од полицијата. Во експлозијата била направена штета во една книжарница. Истрагата е во тек.

OhridNews
извор РСЕ