На 22.11.2009 година, околу 05. 00 часот, во Струга  на паркинг простор лоциран на ул.„Наум Наумовски –Борче“  до предниот дел на  ПМВ  марка „БМВ“ сопственост на С.Р.(38) од Струга, предизвикана е експлозија од засега непозната експлозивна направа,  при што  е причинето оштетување на споменатото возило , како и на уште други две паркирани  возила, додека повредени лица нема, соопшти МВР.


Експлозија оштети повеќе возила во Струга

На местото на настанот  извршен е увид од екипа од ПС Струга и од Секторот за антитероризам, при што за вештачење се земени примероци од експлозивната направа. Од страна на СВР Охрид во тек се мерки за расчистување на случајот. 

Ohridnews
извор: МВР