Најмалку еден човек настрадал во детонација за којашто се претпоставува дека е експлозија на меѓународниот аеродром „Пудонг“ во кинескиот мегалополис Шангај, објавија кинеските медиуми и очевидци на социјалните мрежи.
Инцидентот се случил околу 14,42 часот по локално време (8.42 часот по македонско време) на терминалот Т2 на аеродромот „Пудонг“. Медиумите објавија фотографија на којашто се гледа како медицински персонал на болничка количка евакуира повредено лице. На друга фотографија на корисник на социјалната мрежа, војник е со автоматска пушка пред терминал.
За можноста дека станува збор за експлозија извести и службената новинска агенција, се наведува дека причина за експлозијата може да биде пиротехника, како и дека еден човек е повреден.
OhridNews