Серија експлозии утрово предизвикаа бројни пожари на различни места во украинскиот град Одеса, изјавија локалните жители.

Експлозиите предизвикаа најмалку три големи пожари во индустрискиот дел во стратешкото пристаниште во Црно Море.

Портпаролот на регионалната администрација Сергеј Братчук изјави дека утрово е погоден еден од „критичните инфраструктурни објекти“ во Одеса.

Министерство за одбрана на Русија соопшти дека руските сили уништиле рафинерија за нафта и три складишта за гориво со високопрецизни морски и воздушни ракети во регионот на Одеса.

Се наведува дека нападнатите објекти ги користише Украина за снабдување на своите војници лоцирани во близина на градот Миколаев.

Претходно, украинските власти соопштија дека во нападот нема човечки жртви